Во рамки на кампањата „Најубав Божик е кога даруваме заедно“, „Конзум“ ќе донира 200.000 куни на десет граѓански организации, а на донацијата можат да се придружат и сите купувачи на „Конзум“.
Од 1 до 31 декември членовите на „Мултиплус“ картичката на „Конзум“ ќе можат преку истоимената апликација или интернет -страницата multipluscard.hr да донираат свои бонус средства. .
Донацијата од 200.000 куни „Конзум“ ќе ја распредели на десет хрватски организации кои работат со деца и со нивните семејства, постари и немоќни лица и животни на улица: здружението „Бреза“, кое им дава поддршка на деца и млади без родителска грижа; здружението „Аурора“ кое помага на заболени со церебрална парализа и на останати лица со инвалидитет и на уште едно здружение кое им дава поддршка на семејствата на деца со тешкотии во развојот. Оваа година донација од „Конзум“ ќе добие и Здружението за информирање, ширење и развој на социјални услуги за постари лица „СтарКа“, здружението за заштита на животните „Ноина арка“, здружението „Вистинска шепа“ и уште неколку здруженија кои работат на подобрување на условите за живот на ранливите категории граѓани.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.