Вработените во „Хенкел“ - Србија во соработка со ЈП „Србија шуми“ посадија 1.000 дрвја, со што уште еднаш ја покажаа својата посветеност за заштита на животната средина, соопштија од компанијата.
Акцијата за пошумување ја реализиравме како завршна фаза на иницијатива на брендот Loctite. Благодарни сме им на потрошувачите кои зедоа учество во нашата иницијатива и директно ја поддржаа акцијата за пошумување. Следејќи ги начелата на „Хенкел“ во Глобалната стратегија за одржливост, придонесуваме за заштита на околината и драго ни е што во акцијата учествуваа нашите вработени и нивните деца, соопштија од „Хенкел“.
ЈП „Србија шуми“ велат дека улогата на шумските зелени филтри е непроценлива во време на енормно загадување на воздухот, водата, земјата и целокупната животна средина. Соработката со општествено одговорните компании, каква што е „Хенкел“, овозможува и нашите граѓани да учествуваат во создавање зелени фабрики со кислород на отворен простор. На тој начин поединците и пошироката јавност можат да се запознаат со еден долготраен процес, процесот на создавање шуми, соопштија од претпријатието.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.