Регион

Србија ја продолжи забраната за извоз на млеко, со исклучок на Македонија

02 Nov 2022

Владата на Србија ја продолжи привремената забрана за извоз на млеко и млечни производи до 30 ноември, со исклучок на извозот во Македонија и Албанија.

Во Службениот весник во Србија е објавено дека забраната за извоз се однесува на повеќе видови млеко, како и путер во амбалажа над еден килограм.

Забраната не се однесува на извоз на стоки за кои царинскиот орган ја прифатил извозната декларација пред да стапи во сила одлуката, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Привремената забрана за извоз беше воведена на почетокот на септември со цел да се спречи критичен недостиг.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...