Регион

„Лидл“ го отвори вториот логистички центар во Србија

08 Aug 2022

„Лидл - Србија“ го отвори својот втор логистички центар во земјата, кој ќе обезбеди снабдување на дел од продавниците и ќе обезбеди услови за натамошно ширење на малопродажната мрежа. 

Логистичкиот центар е лоциран во Лапово, се протега на 57.000 квадратни метри, со капацитет на складиште од 35.000 палети стока во амбиентални и 5 температурни режими, кои ги чуваат квалитетот и свежината на производите. 

Со инвестиција од 70 милиони евра во логистички центар во Лапово обезбедивме значителен поттик на нашето работење.ПОкрај тоа што ќе имаме уште поефикасно снабдување на „Лидл“ продавниците, подеднакво важно е што со овој капацитет отворивме и 250 нови работни места во овој дел на Србија, изјави Драган Чигоја, генерален директор на „Лидл - Србија“. 

Објектот е изграден според „зелени“ стандарди - заштедата на енергија во него е 45 отсто, додека потрошувачката на вода, со употреба на посебни славини и на дождовницата, е помала за 80 отсто. Поседува и сопствен извор на енергија - на покривот се поставени 10.000 квадратни метри соларни панели кои генерираат дел од потребната струја. 

Центарот ќе почне со опеаративна работа од септември. Првиот логистички центар на „Лидл“ во Србија се наоѓа во Нова Пазова. 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...