Компанијата „Кока-Кола ХБЦ“ - Србија го почна проектот Coke Academy, едукација наменета за сопствениците и менаџерите на малите продавници, која се фокусираше на подобрување на нивниот бизнис.
Во текот на три дена претставниците на малите продавници стекнаа знаење од вработените во компанијата, како и надворешни предавачи, за важни теми: управување со категории, управување со пораст на приходите, современи техники и дигитални алатки за подобрување на продажбата и бизнисот, како и начини за мотивирање и задржување на вработените.
Партнерите се препознаваат според тоа колку се поддржуваат еден со друг, во добри или лоши времиња. Низ многугодишната соработка научивме многу од нашите партнери, а сега, во овие предизвикувачки времиња, сакаме да ги споделиме нашето знаење и искуство, свесни дека патот до успехот е полесен ако дејствуваме заедно, преку силни иницијативи, дијалог и доверба. Coke Academy е можност да разговараме и на крајот да бидеме побогати со посилни партнерства, рече Светослав Атанасов, извршен директор на „Кока-Кола ХБЦ“ за Србија и Црна Гора.
Во забавна атмосфера, со коктели и обиколка на фабриката за пакување во шишиња, преку серија предавања, панел-дискусии и едукација од внатрешни и надворешни експерти, околу 50 претставници на мали продавници добија важни одговори како да го подобрат својот бизнис и соодветно и ефикасно да одговорат на деловните предизвици.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.