Регион

Хрватска: „Конзум“ почнува со двојно прикажување на цените

15 јул 2022

„Конзум“ во сите свои продавници ќе ги прикажува цените во двете валути, куна и евро, и пред законскиот рок за двојно прикажување на цените што стапува на сила на 5 септември. 

Еврото како валута ќе се воведе во Хравтска во првите денови на 2023 година.

„Конзум“ оваа недела почна со проактивно прикажување на цените, па сите артикли ќе имаат цени во куни и во евра, како и износот на фиксниот курс за конверзија што изнесува 7,53450 куни за евро. Промената на сите етикети во повеќе од 600 „Конзум“ продавници ќе биде направена до крај на јули. 

Транспарентниот однос кон купувачите е императив на нашето работење врз основа на што од ден на ден го заслужуваме нивното внимание. Секогаш настојуваме да бидеме отворени во се што работиме, па така и во овој предизвикувачки период на воведување на еврото. Навреме почнавме со подготовките за да им помогнеме на нашите купувачи што полесно да се прилагодат кон транзиција во новата валута, изјави Зоран Митрески, претседател на Управата на „Конзум“. 

Процесот на воведување на еврото во Хрватска ќе се одвива во три фази. Првата се однесува на прикажување на двојни цени и на фиксниот курс, со чија имплементација „Конзум“ веќе тргна. Двојните цени ќе се прикажуваат до 31 декември 2023 година на сите производи во „Конзум“, вклучувајќи ја и интернет продавницата. Втората фаза почнува во јануари 2023 со воведување на еврото, а плаќање со куни ќе биде можно до 14 јануари. Од 15 јануари е третата фаза, кога еврото ќе биде единствена валута. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...