Регион

Во Белград отворен Музеј на виски

08 Jul 2022

Белград  го доби првиот Музеј на виски & бар. Лоциран е на улицата “Кнегиња Љубица“ 21, на Дорчол. 

Од 8 јули секој посетител ќе има можност во рамки на организираните тури да проба два вкуса на виски, од различни сетилни сензации во тек на пробата. Цената на влезницата е 500 динари (250 денари), а посетители можат да бидат само полнолетни лица. Влезниците се купуваат во продавница во која има и ексклузивна понуда на маици, дуксери и други подароци, соопштија од Музејот.  

По првпат надвор од Ирска, посетителите на овој необичен музеј имаат можност да доживеат дел од турата на познатата Jameson дестилерија. Притоа стручно водачи ја претставуваат историјата на вискито од Месопотамија до денес, како и процесот на производство на виски од три бакарни казани кои заедно претставуваат единствен процес на трострука дестилација, по која ирското виски е познато во светот. Покрај посетата на музејот, посетителите во посебно дизајниран музејски бар ќе можат да пробаат 25 различни видови виски  кои ќе се служат на вистински начини, во чашки од 0,05 л.  

Музејот ќе биде отворен до 1 декември и во тој период во него ќе се организираат свирки, коктел - вечери, работилници, специјални ноќни тури....



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...