Месната индустрија „Пивац“ планира до крајот на годинава да ги заврши работите во Љубушки во БиХ, каде што на повеќе од 20.000 квадратни метри се гради комплекс во кој ќе бидат вклучени производствени погони за преработка на месо и ќе се вработат педесетина работници.
Групацијата „Пивац“, чиј систем ги вклучува Месната индустрија „Браќа Пивац“, ППК „Карловачка месна индустрија“, Месната индустрија „Вајда“ и „Краш“, се рангира на самиот врв на хрватската прехранбена индустрија.
Кон крајот на годинава се очекува завршување на втората фаза од големиот погон за преработка на месо и месни производи Равча 2, чија вкупна вредност е 25 милиони евра, а е кофинансиран од европските фондови.
Имено, веднаш по пуштањето во употреба на погонот за производство на далматинска пршута и други трајни сувомесни производи, во 2020 година веднаш започна со изградба на оваа нова фабрика која се простира на повеќе од 15 илјади квадратни метри.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.