Компанијата „Клас“, најголем производител на брашно и на млинарско - пекарски производи во БиХ, одлучи да го намали, а за одредени држави и да го сопре извозот на брашно, за да се осигураат доволно количини за домашниот пазар поради војната во Украина и зголемената побарувачка од граѓаните.
Компанијата во соопштение наведува дека одлуката за редукција на извозот ја донела поради зголемите барања за брашно од земјите од регионот и потребата да се осигура стабилност и сигурност за домашните потрошувачи.
Бројни купувачи во БиХ во последните денови ги празнат полиците со брашно и основни животни намирници. Тоа продолжува и покрај апелите од надлежните институции дека има доволно брашно, зејтин, шеќер и други намирници.
Побарувачката за брашно од „Клас“ е три пати поголема од вообичаената, што ја става под знак прашалник стабилноста на снабдувањето на домашниот пазар.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.