Регион

Дисконтот „Теди“ ќе отвори продавници во Србија

23 Mar 2022

Германскиот дисконтен синџир „Теди“ влегува на српскиот малопродажен пазар, пренесе порталот „Ретаил Србија“

„Теди“ планира во следната година да ги отвори првите малопродажни објекти од дисконтен тип во неколку градови ширум Србија. 

Синџирот е основан во 2004 година во Германија и е еден од најбрзо растечките трговски синџири од непрехранбениот сектор, се наведува во текстот. Во асортиманот, „Теди“ на своите купувачи им нуди декорации, работи за во домот, школски прибор и голем избор на производи по принципот „направи сам“. 

„Теди“ работи на повеќе од 2.500 локации во 10 европски земји. Покрај во Србија, синџирот влегува и на пазарот во Романија, каде првите продавници ќе бидат отворени до крајот на овој месец. 

Во 2012 година, „Теди“ ја отвори првата продавница во Словенија, во 2017 влезе во Хрватска, а од 2020 година работи и во Чешка.  
 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...