Регион

„Подравка“ повторно ги зголемува платите

15 Feb 2022

„Подравка“ вложи повеќе од 35 милиони куни во зголемување на платите на работниците - тоа е второ зголемување за помалку од една година.

Така, нето - примањата по работник се зголемија меѓу 980 куни и 1150 куни, односно 18 отсто и 28 отсто. 

Управата на „Подравка“ на неодамна одржаната седница донесе одлука со која повторно се зголемуваат примањата на повеќе од 3.200 работници. Одлуката ќе се применува од 1 март 2022, со исплатата во април. 

Во првото зголемување на плати „Подравка“ вложи 21 милион куни, па за помалку од година време, компанијата вложи повеќе од 55 милиони куни во примањата на работниците. 

Зголемувањето на платите за мене беше една од најважните цели што си ги поставив при доаѓањето во „Подравка“. Им благодарам на сите синдикати кои дејствуваат во компанијата за придонесот и обликувањето на овие одлуки. Верувам дека на овој начин дополнително ја унапредивме привлечноста на „Подравка“ како посакуван работодавач за стручните и амбициозните работници, изјави Мартина Далиќ, претседателка на Управата на „Подравка“.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...