Регион

Хрватска повлекува од пазарот француски сладолед

04 фев 2022

Државниот инспекторат на Република Хрватска објави дека го повлекува од пазарот сладоледот со нане и чоколадо во пакување од 2,5 литри, со рок до 28 февруари 2022 година од француски производител, поради идентификуваниот пестицид етилен оксид во адитивот кој се користи за производство на сладолед.

Според Државниот инспекторат, производот не е во склад со Уредбата на ЕУ за максималното ниво на остатоци од пестициди во или на храна и добиточна храна од растително и животинско потелко, пренесува Индекс.хр.

Производител на сладолед е француската компанија „Фронери“,  која се наоѓа во департманот Жиронд на југозападот на Франција.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...