ScanShop му овозможува на клиентот самостојно да ги скенира производите преку својот мобилен телефон и на тој начин да го прескокне чекањето во редот на касата.
NTL прв ја препозна предноста на хрватската апликација ScanShop и овозможи тестирање во своите продавници.
Како дел од проектот на ЕУ, апликацијата достигна фаза кога е подготвена за употреба во продавниците, иако сè уште со почетен сет на функционалности, а тестирањето во реални услови е неопходен услов за понатамошен развој на апликацијата да го достигне својот целосен потенцијал.
По повод соработката, Мартин Евачиќ, директор на NTL, изјави: Драго ни е што имаме можност први да тестираме иновативен хрватски производ и да ги провериме техничките и оперативните можности за негова употреба. Со поддршка на малите технолошки стартап-компании, нашата цел секако е да им обезбедиме на клиентите уште поголемо задоволство од купувањето.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.