Регион

„Британци“ ја купија „Фриком“

30 Sep 2021

Компанијата „Фриком“ е продадена на британската фирма „Номад фудс“. Преговорите се успешно затворени, а трансакцијата ќе биде објавена денеска во 13 часот,  пренесе српски „Новости“.

„Фортенова група“, од која е дел „Фриком“, уште на на почетокот на годината соопшти дека влегла во ексклузивни преговори со британската компанија „Номад фудс“ за продажба на бизнисот со смрзната храна, кој ги опфаќа компаниите „Ледо“, „Ледо Читлук“ и „Фриком“. 

Износот на обврзувачката понуда што сега е на маса не е објавен, но минатата есен во медиумите се шпекулираше дека е во прашање потенцијална трансакција на деценијата, и дека валуацијата на „Ледо“ може да изнесува околу 600 милиони евра, односно меѓу 10 и 12 пати добивка пред камата, оданочување и амортизација (ЕБИТДА), кога „Фортенова“ добиваше необврзувачки понуди од заинтересирани компании. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...