Регион

„Милицер & Мунч“ отвори претставништво во регионов

22 сеп 2021

Групацијата „Милицер & Мунч“ отвори две нови деловни единици во Босна и Херцеговина и во Црна Гора.

Претставништвата во Сараево и во Подгорица почнаа со работа кон крајот на август, а групацијата на овој начин ја засилува мрежата на Балканот. 

Посебен фокус е на организирање друмски транспорт ФТЛ и ЛТЛ, како и на царинењето. На пазарите во БиХ и Црна Гора гледаме голем потенцијал за раст. Двете нови подружници се последица на успешното работење на претставништвото кое на крајот на 2019 година беше отворено во Србија, соопштија од компанијата.

Србија ќе служи како центар на „Милицер & Мунч“ за Западен Балкан. Компанијата работи и во Грција, Романија и Бугарија, а веќе нуди широк спектар на логистички услуги во целиот регион. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...