Хрватскиот синџир продавници „Био & био“, кој единствен на пазарот нуди 100% сертификувана еколошка храна, по повод 18. роденден ја отвори првата одржлива продавница во Хрватска, на улицата Мартиќева, бр. 27 во Загреб.
Како што соопштуваат од компанијата, намалувањето на отпадот и одржливоста уште од почетокот се императив за тимот на „Био & био“, кој речиси две децении претставува нови идеи и предизвикува позитивни промени.
Одржливоста е една од нашите темелни вредности. Во изминатите години нашата планета ја заштитивме од 1.000 пластика, со тоа што приватната марка је префрливме во нова амбалажа од целулозни влакна. Посветени сме на идејата да придонесеме за здравјето на луѓето и околината на сите нивоа на работење, па затоа, сакавме начелата врз кои ја изградивме заедницата со купувачите да бидат видливи, изјави Јадранка Бобан Пејиќ, косопственичка на „Био & био“.
Ова е 19. продавница „Био & био“, а купувачите можат да ги користат и услугите на веб-продавницата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.