Регион

Отворен конкурс за наградата КАКТУС 2021

18 Aug 2021

„Маркетинг мрежа“ распиша конкурс за 7 национално доделување на годишните награди - КАКТУС 2021. Наградите се доделуваат во 24 категории, а ги добиваат организации, компании, институции и агенции, за најквалитетни и најпрофесионални поединечни и интегрирани кампањи во минатата година.

Како и досега, главни награди на фестивалот се Агенција на годината, Огласувач на годината и интегрирана кампања на годината -  Grand Prix. Како и минатите години, КАКТУС 2021 ги слави само оние идеи кои излегуваат од границите на очигледното и и покрај тешките услови, инспирираат и произведуваат најефикасна комуникација со целните групи. Конкурсот е отворен до 20 септември.

Наградите ќе бидат свечено доделени на 7. национален Фестивал на интегрирани комуникации - КАКТУС 2021, кој ќе се одржи на 2 и 3 ноември во Белград. Стручното жири го сочинуваат признати и угледни професионаци од компании, креативци, ПР, дигитални агенции и продукциски куќи од Србија и од регионот. Жирото од Србија ќе работи во состав: Александар Ружесковиќ, маркетинг директор, „Форма идеале“; Ѓорѓе Јанковиќ, менаџер - партнер и креативен директор, „Friday“; Горан Рушкиќ, креативен директор, „Communis DDB“; Игор Миљковиќ, раководител на продукција, „dme.video“; Иван Вестервин, креативен директор,Saatchi&Saatchi Белград; Љубица Вукчевиќ, „Direct Media United Solutions“; Марко Сврчевиќ, уметнички директор, „LunaTBWA Belgrade“; Милена Гудариќ, маркетинг директор, Mastercard; Наташа Шарчевиќ, директор за маркетинг и иновации, „Atlantic Štark“; Нина Елезовиќ, менаџер за комуникации за Србија и Црна Гора, „Coca-Cola HBC“; Тања Вусојевиќ, директор за комуникации, „Delta Holding“; Вељко Голубовиќ, главен креативен директор, „New Moment New Ideas Company“; Владимир Чосиќ, креативен директор, „Represent Communications“; Владимир Митровиќ, креативен директор, „Ovation BBDO“ и Здравко Кеврешан, креативен директор,„Drive Agency“.

Регионалното жири оваа година го сочинуваат: Ана Лозица, креативен директор, Швајцарија (ХР), Ана Марија Малиќ, бренд комуникациски директор, „Degordian“, (ХР), Андреј Крајнер, директор за комуникации, NLB Group (Словенија); Барбара Рандиќ, главен директор, шеф за маркетинг комуникации, „Renault Nissan“ (Словенија); Блаж Вук, креативен директор, „Pristop“ (Словенија); Дарко Бошнар, креативен директор, „Imago Ogilvy“ (ХР); Ирена Шајиќ Домбај, директор за корпоративни комуникации, L’oreal (ХР), Лука Бајс, извршен креативен директор, „Shift Agency“ (Словенија); Маја Наумовска Савеска, директор за корпоративни и маркетинг комуникации, „Halkbank Skopje“ (Mакедонија); Марија Јекелјиќ, маркетинг директор, „Croatia Osiguranje“ (Хрвтаска); Матјеж Герм, креативен директор, „Агенција 101“ (Словенија), Наташа Митровиќ, главен извршен директор и коосновач, „Konteent Media“ (БиХ); Тончи Клариќ, коосновач и креативен директор, „Spellcaster“ (Хрватска); Викторија Радојевиќ Мавриќ, извршен директор за развој и маркетинг, „Mercator Group“ (Словенија)  и Звонимир Секи, главен маркетинг офицер, „Franck“ (Хрватска).

Новина во рамки на овогодинешниот конкурс е новата категорија - Employer branding интегрирана кампања. Во оваа категорија ќе биде доделена награда за најуспешна интегрирана кампања која придонела за поголема видливост и препознатливост на компанијата како посакуван работодавец во екстерната или интерната јавност. 

Оваа година пријавите ги вклучуваат компаниите кои се реализирани или се реализирани во поголем дел во периодот од 1 август 2020 до 1 август 2021 година. 

И покрај многу тешкиот и предизвикувачки претходен период кој го одбележи пандемијата со вирусот Ковид - 19, реализрани се бројни интересни и иновативни кампањи за  кои сметаме дека се вредни за внимание, како на стручната, така и на пошироката јавност. Конкурсот за наградите КАКТУС е можност да измериме дали се тоа навистина поинакви идеи и дали се оние кои опстануваат, но ќе го оцениме и напредокот на струката. Очекуваме многу добри кампањи кои ќе укажат на развојните трендови, но и на предизвиците кои ја одредуваат иднината на креативните индустрии во Србија, изјави Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и главен извршен директор на „маркетинг мрежа“, организаторот на КАКТУС 2021. 

Условите на конкурсот, пропозициите и категориите, како и формуларот за пријавување и Правилникот за работа на жирито, можете да го најдете на страницата www.kaktus.rs.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...