Регион

„Лидл“ вработува во новиот логистички центар во Србија

11 Aug 2021

„Лидл“ - Србија распиша конкурс за вработување 30 магацински работници во логистичкиот центар во Нова Пазова, каде работењето е со помош на напредна технологија и софтвери. 

Трговецот во Србија има повеќе од 2.200 вработени и во својта работа опфаќа разни позиции во продажба, логистика и систем на поддршка во управувањето. Од компанијата соопштија дека големо внимание се посветува на обуките за вработените. 

Веруваме во исти можности за сите вработени и ја почитуваме различноста како главни елементи на долгорочниот успех, соопштија од компанијата. 

На сите вработени, без разлика на позицијата, им се нудат бенефиции како што се приватно здравствено осигурување, платена секоја минута работа, конкурентна заработка, можност за обуки и за развој, организиран превоз до работното место...

Трговецот го шири работењето со отварање нови продавници, но и со други инвестиции. Неодамна беше поставен камен-темелник на вториот по ред логистички центар на компанијата во Лапово, инвестиција вредна околу 70 милиони евра, каде ќе се отворат 250 работни места.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...