Регион

Хрватски КТЦ ја укина работата во недела и оствари пораст на продажбата

09 Aug 2021

Трговскиот синџир КТЦ оствари пораст на продажбата откако минатата година ја укина работата во недела и за време на празници, покажуваат податоците за работењето. 

Станува збор за првиот и засега единствен хрватски трговец кој во јануари 2020 година ја укина работата во недела и за празници. Резултатите покажуваат дека оваа одлука не го намали прометот, напротив - приходите од продажбата се за 4 отсто повисоки од лани.

Прометот во продавниците во 2019 година изнесувал 1,25 милијарди куни, а минатата година беше околу 1,3 милијарди куни, соопштија од компанијата.  

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...