На почетокот од јуни „Франк“ беше меѓу првите во Хрватска што ја помина процената за усогласеност со барањата на IFS v7 и го обнови сертификатот откако ги исполни строгите стандарди за безбедност и квалитет.
Со резултатот од процената од дури 98,67%, „Франк“ уште еднаш потврди дека е на високо ниво на усогласеност, имајќи предвид дека новата верзија на стандардот вклучува проширени барања и построги критериуми за процена.
Со исполнување на барањата за позитивна и силна култура за безбедност на храна во компанијата, докажавме усогласеност со новата законодавна рамка на ниво на ЕУ. Ова ни обезбедува придобивки во однос на зголемена продуктивност, задоволство на клиентите, намалување на бројот на внатрешни неусогласености, како и намалување на трошоците предизвикани од човечка грешка, што дополнително ја зајакнува довербата во квалитетот и безбедноста на нашите производи, рече Зденка Милиновиќ-Бујан, директор за безбедност и управување со квалитетот на храната во компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.