Од почетокот на наредната година во Србија ќе стапи во сила новиот Закон за фискализација. Во него се предвидува дека и онлајн-продавниците ќе мора да издаваат фискални сметки.
Во практика ова значи дека продавачот ќе издаде и ќе спакува фискална сметка со производот и ќе ја испрати до купувачот, физичкото лице. Кога станува збор за услугите што се даваат преку интернет на поединци, потребно е да се издаде фискална сметка за секој примен приход од услугите што се даваат на физички лица, со што ќе се покрие добиениот надоместок за услугата.
Во поглед на издавањето фискална сметка, даночниот обврзник кој врши трговија на мало исклучиво преку интернет преку електронски фискален уред му издава фискална сметка на купувачот на стока, односно на корисникот на услугите во електронска форма. Во овој случај мора да се најде хиперлинк за верификација на издадената фискална сметка и дека клиентот, врз основа на предметниот хиперлинк, може да ја провери фискалната сметка преку системот за проверка.
Во Законот се предвидени и парични казни за прекршоци за правното лице што е даночен обврзник.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.