Да се зголемат квотите за извоз на риба од БиХ во ЕУ кои сега се само 500 тони годишно, бараат најголемите производители и извозници на риба од БиХ.
Најзначајни европски пазари им се Италија, Хрватска и Словенија.
Минатата година, поради пандемијата, дојде до одреден прекин во извозот, што предизвика штети и во рибарството. Производството на конзумна риба во рибниците во Република Српска во 2020 година е помало за 7,6 отсто во однос на 2019 година. Производството на „шаран“ беше зголемено за 37,5 отсто, а на пастрамка беше намалено за 14,3 отсто. Од вкупното производство на риба, 80,7 отсто е пастрмка, 18,9 отсто е шаран, а производството на останата риба е 0,4 отсто. Односно, вкупно биле произведени 1.892 тони риба, од кои 1.526 тони се пастрмка, а 366 тони се „шаран“.
Нас не интересира извозот на жива риба во ЕУ, а тоа уште не е решено, дури ситуацијата е полоша од претходно. До пред месец - два рибата можеше жива да се извезува во ЕУ, под услов да не се истовара во други рибници или базени, туку веднаш да се праќа на преработка, велат производителите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.