Регион

Се продава белградската пиварница БИП за 35 милиони евра

16 јул 2021

Агенцијата за лиценцирање на стечајни управници на Србија го огласи за продажба имотот на Белградската индустрија за пиво (БИП) во стечај по почетна цена од 35 милиони евра. 

Највредниот имот на БИП во Белград се производствениот комплекс во Белград, локацијата кај Мостар со површина од 26.700 м2 и фабриката за сокови со повеќе од 11.800 м2.  Во „пакетот“ има и деловни објекти во Обреновац, Косовска Митровица, продажниот центар во Крагуевац и стан во Будва. 

Продажбата ќе биде по пат на јавни понуди кои ќе бидат отворени на 16 август во 12 часот, односно по 15 минути откако ќе помине рокот за доставување на понудите. 

Пиварницата престана да работи пред две години. 

Белградската пиварница била основана во 1872 година, а под името „Белградска индустрија за пиво" работи од 1963. Пиварницата го имаше најголемиот удел на пазарот во Србија сè до 2000 година, кога почна да ја губи битката со ривалските пиварници.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...