Регион

Нова „Идеа“ во Белград

21 јун 2021

Трговската компанија „Меркатор-С“ продолжува со експанзијата на малопродажната мрежа.

На 18 јуни беше отворена нова продавница „Идеа“ на улицата Матица српска, бр. 111 во Белград, што е 83. продавница од овој трговски синџир во главниот град на Србија.

Како што е наведено на официјалната страница на „Линкдин“, на продажна површина од 218 квадратни метри потрошувачите имаат избор од внимателно одбран асортиман од најбараните производи, приспособени на концептот „од сѐ по малку“.

Новата „Идеа“ ќе работи секој ден од 7 до 22 часот, а за услугата ќе се погрижи тим од десет вработени.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...