Регион

„Раденска“ ја презема промоцијата на продажбата на производите на „Фруктал“

27 мај 2021

Компаниите „Фруктал“ и „Раденска“ потпишаа договор за соработка, според кој „Раденска“ до крајот на овој месец ќе ја преземе промоцијата на продажбата на производите на „Фруктал“ во хорека-каналот во Словенија.

Овој потпишан договор претставува поврзување на две големи, препознатливи и признати компании во хорека-каналот во категоријата сокови, нектари, пијалаци, алкохолни пијалаци и газирани и негазирани води во Словенија, се вели во соопштението.

Горан Медиќ, директор на „Фруктал“, истакна: Бидејќи сите со нетрпение очекуваме да се дружиме, решивме да го смениме начинот на деловно работење на овој канал и да бидеме подготвени и уште посилни кога животот ќе се врати во нормала. Верувам дека ова наше „спојување“ ќе доведе до успешна соработка и долгорочно остварување на заедничките, амбициозни цели.

Маријан Шефчович, извршен директор на „Раденска“, по тој повод рече: За време на пандемијата работевме на неколку проекти преку кои се обидовме да застанеме заедно со нашите партнери во хорека-сегментот и да го охрабриме и олесниме нивниот бизнис.

Двајцата се согласија дека не станува збор само за соработка во областа на промоција на продажбата, туку и за поширока соработка бидејќи потпишувањето на договорот претставува и зајакнување на општото знаење и искуство.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...