Регион

„Нилсен“ почнува со телевизиски мониторинг-услуги во Косово

19 May 2021

Во јануари 2021 година, „Нилсен“ почна со услугите за TV Ad Intel (Advertising Intelligence) за телевизиските станици во Косово.

Истражувачката агенција им обезбедува на огласувачите, агенциите и сопствениците на медиуми слика на целиот конкурентски пејзаж, мониторирајќи: кој се рекламирал - на кој медиум - колку чинела кампањата - колку реклами и кои формати на реклами биле емитувани на ТВ. Во моментов шест од најважните ТВ станици се опфатени со овој сервис: РТВ21, РТК1, Клан Косова, КТВ, Дукаѓини и Т7. Како што соопштуваат од спроведени се највисоките стандарди на „Нилсен“ за обезбедување на квалитетот на оваа услуга, што би значело обезбедување на можност за позитивно влијание врз подобрувањето на пазарот. Преговори за претставник за локална продажба на пазарот се водени со „Пикаса стратеџик инсајтс“ (Pikasa Strategic Insights)                                         

Преговорите за стратешки сојуз меѓу двете компании се во завршна фаза. Соработката ќе помогне во обликувањето на иднината на мерењето на медиумите и ТВ-огласувањето на Косово. „Пикаса“ ќе настапи на пазарот како ексклузивен партнер за продажба на „Нилсен“, нудејќи услуги на AdIntel кои во моментов вклучуваат технологии како Telepad, Multigrabber и автоматско видео препознавање на самите видео записи (Automatic Spot Recognition), соопштуваат од „Нилсен“.

Оттаму најавуваат дека „Пикаса“ планира имплементирање на процесот на ТАМ (електронско мерење на телевизиски аудиториум – peoplemeter) за целиот пазар. Канцеларијата на Нилсен во Скопје, Македонија ја обезбедува целата суштинска поддршка за овој деловен чекор.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...