Регион

Jana доби уште една светска награда за квалитет

17 мај 2021

Природната минерална вода Jana ја освои Grand Gold Quality Award за квалитет на најпрестижниот натпревар во светот „Мондe селекшн“ организиран од Меѓународниот институт за квалитет.

Меѓу 3.100 производи од повеќе од 90 земји во категоријата „Пиво, вода и газирани пијалаци“, Jana го освои највисоко признание во светот за квалитет на производот.

Благодарение на длабочината на нејзиниот извор од 800 метри и минералниот состав на слоевите на почвата низ кои поминува, Jana има посебна чистота, беспрекорен минерален состав и препознатлив, свилен вкус.

Горди сме што трета година по ред на престижното натпреварување „Монде селекшн“, Jana освои златен медал во многу силна конкуренција. При избор на производ со етикета Monde Selection, потрошувачот може да биде сигурен дека избира производ со врвен квалитет, рече Маја Вукореп, директор на групата за пијалаци во рамките на „Фортенова“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...