Фабриката „Будимка“ од Пожега лансира на пазарот овошни сокови во пакување од еден литар, а се планираат и помали пакувања наменети за угостителските објекти.
Програмата „Будимка класик“ опфаќа сокови од јаболко, праска, вишна, портокал и мешано црвено овошје, во пакување од еден литар во стаклена амбалажа. Соквите се достапни во продавниците на територијата на западна Србија, а се надевам дека наскоро ќе воспоставиме соработка и со пазарот на Русија, каде постои интерес за нашите производи, изјави МИлан Которац, директор за производство во компанијата.
Од мај „Будимка“ ќе почне со откуп на јагоди од локалните земјоделци.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.