Регион

„Лидл“ основа компанија и во Босна и Херцеговина

09 мар 2021

Германскиот трговец „Лидл“ основа компанија и во Босна и Херцеговина, кратко откако неодамна најави влез  на босанскиот пазар. 

Формален основач е компанијата „В Е - Интернационал ГмбХ“, а седиштето е на улицата „Маглајска“ во Сараево. Директор на компанијата е Роланд Шхајбер, а извршен директор е Ален Халимиќ. Двајцата претходно работеле како членови на Управата на „Лидл“ во Хрватска. 

За потсетување, германските медиуми лани објавија дека „Лидл“ своите објекти во БиХ може да ги отвори веќе во 2022 година, а нивниот број да достигне до 30 продавници. На почетокот трговецот ќе отвори објекти во градовите кои имаат по повеќе од 30.000 жители. Од друга страна, во градовите со поголема куповна моќ, како Сараево или Мостар, „Лидл“ гледа потенцијал за по неколку локации. Од компанијата се одлучиле на овој потег по големиот успех остварен на пазарот во Србија и по добрите резултати во Хрватска. 

„Лидл“ сега има 11.200 продавници во 32 земји во светот. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...