Регион

„Сапониа“ инвестира 6,7 милиони евра во одржлив развој

26 Feb 2021

За да ја постигне деловната визија што вклучува одржлив развој со минимално влијание врз животната средина, „Сапониа“ постави стратешка насока за намалување на високата потрошувачка на енергија.

За таа цел, планирано е производство на обновлива енергија (ОИЕ), зголемување на енергетската ефикасност на производствените капацитети и енергетска обнова на производствени згради. Планираната инвестиција, во вредност од 6,7 милиони евра, е во соработка со „ИГХ институт“. Како што известуваат од компанијата, дел од средствата е планирано да се обезбедат преку Европскиот фонд за регионален развој. Според претседателката на Управниот одбор на „Сапониа“, Дајана Мрчела, визијата на „Сапониа“ е да биде водечка индустрија за детергенти во регионот. 

Таа истакнува дека енергетското реновирање на шест производствени капацитети што покриваат бруто-површина од 21.000 м² ќе доведе до намалување на потрошувачката на енергија и на бучавата (а со тоа и поудобен живот на непосредните соседи), додека инвестициите во осветлување, греење и ладење носат не само заштеда, туку и значително подобрување на условите за работа на работниците во компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...