Утрово на 84 години почина Драгутин Дрк, генерален директор и претседател на Управата на „Виндија“, известија од компанијата.
Драгутин Дрк е роден 1937 година во Вараждин. Завршил средно млекарско училиште, а потоа Економски факултет. Во 1961 година се вработил во Градската млекарница во Вараждин (подоцнежна „Виндија“) како раководител. Директор станал во 1965 година, а на чело на „Виндија“ беше до денеска.
Дрк на чело на „Виндија“ помина повеќе од 50 години, создавајќи од „Виндија“ домашен и регионален прехранбен лидер,кој навршува 60 години работа.
Од самиот почеток на кариерата, имаше визија за развој на силна компанија со заокружен циклус на производство, со што ги инспирираше деловната заедница, партнерите и соработниците. Тој го вгради целото свое животно и работно искуство во „Виндија“ и работеше со полн капацитет до последен ден, се вели во соопштението.
Во „Виндија“ има 3.700 вработени.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.