Регион

Вкупниот приход на „Синагога“ во 2020 година е 47,6 милиони евра

21 Jan 2021

„Синагога“ од Сомбор, која се занимава со трговија на големо и мало со прехранбени производи, оствари приходи од 47,6 милиони евра во 2020 година, што претставува зголемување од 12% во споредба со 2019 година.

Според оваа компанија, највисоко ниво на пораст е остварено кај големопродажба од 20%, потоа во малопродажба од 15%, а забележано е намалување на увозот на стоки и транзитната продажба од 10%.

Остварената добивка го следеше порастот на приходот и таа е поголема од минатата година, пред сè поради исклучителната ликвидност и плаќањето на најголемиот дел од набавките однапред.

Бидејќи минатата година беше на многу начини специфична, за да постигнеме вакви деловни резултати, моравме да вложиме извонредни напори, пред сè, да ги зачуваме нашите вработени и да ги искористиме сите знаења и вештини во набавките и продажбите за да обезбедиме одлично снабдување и навремена логистика за целата стока, објавија од „Синагога“.

Плановите за 2021 година се понатамошен пораст на приходите од 10% преку зголемена продажба на големо и отворање на два нови објекти за малопродажба од по 350 квадратни метри.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...