Најголемиот црногорски синџир маркети „Воли“ неодамна ја претстави својата онлајн-продавница VOLI.me.
Во почетниот период од лансирањето на страницата, обезбеден беше попуст од 10% за првите претплатници
Како што беше најавено од компанијата, засега, само жителите на Подгорица можат да нарачуваат и купуваат онлајн. Но, оттаму нагласуваат дека услугата наскоро ќе биде достапна и во други места во Црна Гора.
На е-продавницата voli.me, клиентите имаат пристап до повеќе од 4.500 производи, а плаќањето може да се изврши онлајн или во готовина при испорака. Исто така, сите корисници на оваа услуга можат да ја подигнат нарачката на терминалите предвидени за оваа услуга, а обезбедена е и достава до дома.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.