Регион

Србија го ограничи максималниот увоз на вино по увозник

18 Dec 2020

Вкупната квота за увоз на вино од ЕУ во 2021 година е 2,5 милиони литри и е поделена на четири еднакви квартални квоти од 625.000 литри.

Со одлуката на Владата на Србија одвоени квоти за увоз на вино од Европската Унија по повластени стапки, за 2021 година. Оваа одлука го ограничува количеството вино што може да се увезе од еден увозник, што беше предмет на спор во претходниот период.

Како што беше објавено од Сојузот на работодавачи на Србија, квотите за увоз на вино се утврдуваат според квартали, а во првите три квартали од 2021 година, индивидуален увозник може да увезува најмногу 15% од вкупната квартална квота. Последниот квартал беше изземен од оваа одлука. По исклучок, ако еден увозник не достигне 15% од кварталната квота во претходниот квартал, тоа количество ќе се додаде на максималните 15% во следниот квартал.

Задоволни сме што Владата на Србија ја прифати иницијативата на Сојузот на работодавачи и ја донесе оваа одлука. На овој начин се воведува ред на нашиот пазар на вино и се овозможува еднаква конкуренција за сите учесници во увозниот бизнис, без оглед на нивната големина, вели Срѓан Дробњаковиќ, директор на Сојузот на работодавачи на Србија.

Вкупната квота за увоз на вино од ЕУ во 2021 година е 2,5 милиони литри и е поделена на четири еднакви квартални квоти од по 625.000 литри.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...