Регион

За 400 отсто порасна интернет продажбата во пиварницата „Лашко унион“

05 Dec 2020

За четири пати порасна онлајн продажбата во пиварницата „Лашко унион“ во време на пандемијата, од каде известија дека порастот се должи на лојалноста на словенечките потрошувачи. 

И глобално и локално моравме да се соочиме со значителен пад на побарувачката, а со тоа и на продажбата. Околу половина од нашиот пазар, врзан за ХоРеКа секторот, „умре“ преку ноќ. Од друга страна, позитивна вест е што продажбата преку интернет порасна за 400 отсто. Очекуваме дека ваквиот тренд на нарачки ќе продолжи и во иднина, соопштија од пиварницата. 

Од таму додаваат дека консумацијата на пивото во голема мера зависи од социјалните интеракции, кои за жал во ова време се многу ограничени. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...