Приходите на групацијата „Меркатор“ во првите девет месеци од 2020 година се зголемија за 2,1% во споредба со истиот период минатата година, достигнувајќи 1,6 милијарда евра.
Приходите на групацијата во основната трговија на мало се зголемија за 3,9%, достигнувајќи 1,3 милијарда евра, додека нормализираниот EBITDA во истиот период изнесува 126,3 милиони евра, се вели во соопштението на компанијата. „Меркатор“ успеа да го намали односот меѓу нето-финансискиот долг и нормализираниот EBITDA за дополнителни 11,6%.
Томислав Чизмиќ, претседател на Управниот одбор на групацијата „Меркатор“, истакна: Со одговорно и навремено подготвување за кризата и со систематско приспособување на сите тековни предизвици, „Меркатор“ успеа да обезбеди пораст на приходите и да ги зајакне темелите за понатамошен развој. Во последните девет месеци „Меркатор“ продолжи да ги постигнува сите најважни деловни и стратешки цели, и што е најважно, ние испорачавме непречена и широка понуда во овој период.
Компанијата објави дека без оглед на тековната криза, продолжуваат сите клучни активности, како што е изградбата на нов логистички и дистрибутивен центар и проширувањето на малопродажната мрежа во целиот регион.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.