Регион

Кафето Starbucks ready to drink стигна во регионот

02 Dec 2020

Кафето Starbucks ready to drink од сега е достапно во Србија, во Црна Гора и во БиХ. Кафето е спакувано во лименки и во стаклени шишиња, а ќе го има во сите подобро снабдени продавници и на бензинските пумпи во овие држави. 

За Србија и за Црна Гора ексклузивен дистрибутер е „Млекопродукт“. 

Горди сме на тоа што ги здруживме силите со еден од најценетите брендови во светот, кој е на високото 6 место во светот на листата на најуспешни брендови на „Форбс“. Брендот Starbucks датира од 1971 година, а неговите кафиња се познати по својот квалитет се произведуваат од најпознатото „арабика“ кафе, соопштија од „Млекопродукт“.  

За БиХ, официјален и ексклузивен дистрибутер е компанијата „Нелт БиХ“. 

Љубителите на кафе ќе можат да изберат Starbucks Doubleshot Espresso со млеко и Starbucks Doubleshot Espresso без додаден шеќер (со засладувач) во практично пакување, лименка од 200 мл. За оние кои сакаат кремаст вкус достапно е Starbucks Frappuccino во варијанти varijantama Coffee, Mocha и Caramel, во стаклено пакување од 250 мл.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...