Регион

Вредно признание за „Кока кола ХБЦ“

18 Nov 2020

„Кока кола ХБЦ“ повторно прогласена за најодржлив производител на пијалаци во Европа. Ова е седми пат за осум години како компанијата е на прво место во Европа, а со рекорден број на бодови е рангирана како втора во светот. 

Одржливото работење е поважно од секогаш претходно. Ова престижно признание е потврда за нашите напори дури и во моменти на сериозни предизвици, не го заборавиме тоа што е најважно, а тоа е добробит за нашите вработени и за локалната во која работиме, изјави Светослав Атанасов, генерален директор на „Кока кола ХБЦ“-Србија. 

Некои од најважните резултати на компанијата на полето на одржливост се: намалување на карбонската емисија за 25 отсто, две години пред рокот; од 2010 година, заштедата на компанијата одговара на количина од 1,53 милиони тони CO2. Понатаму, повеќе од 98 отсто од трошоците за купување стока во износ од 3,2 милијарди евра е остварена на локално ниво; секое работно место во системот во просек поддржува 11,8 други работни места; количината на вода потрошена во производството во области каде има ризик од недостаток на вода намалена е за 7 отсто во споредба со 2017 година, и така натаму. 

Само во 2019 година, во проекти кои поттикнуваат развој на локалната заедница, „Кока кола ХБЦ вложи повеќе од 36 милиони динари. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...