„Делез“- Србија ја поддржа иницијативата „Музика секаде“ што ја покрена Белградската филхармонија.
Целта на иницијативата е филхармонијата да не биде единственото место каде можат да се слушаат дела од класиката. Сега тоа е можно и во нашите „Макси“ супермаркети во периодот од 18 часот до 19 часот. Веруваме дека класичната музика ќе придонесе за уште подобро искуство при купувањето, соопштија од трговскиот синџир.
Од Белгардска филхармонија најавија дека сакаат да ги срушат сите предрасуди околу слушањето класична музика со воведување алтернативни локации за слушање музика.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.