Регион

Словенија од денеска воведува полициски час

20 Oct 2020

Словенија од денеска воведува полициски час од 21 часот до 6 часот наутро.

Тамошната влада одлучи и да го намали бројот на лица кои може да групираат и наместо 10 како што беше досега, сега ќе може да се собираат максимум шест лица. За повеќе од шест лица ќе мора да има услови за да се почитува мерката за физичко растојание.Како што соопшти министерот за внатрешни работи на Словенија, Алеш Хојс, забранети се сите јавни настани, верски церемонии и свадби низ целата земја.

Од забраната за движење во текот на ноќта се изземени само случаи кога станува збор за опасност по живот, здравје и имот, за одење на работа и враќање дома од работа и за извршување на потребни работни задачи или нудење потребни услуги.

Од денеска на полноќ, со некои мали исклучоци, невозможно е движење надвор од матичните региони, а можноста за преминување на државната граница е законски одредена.

Ако имате недвижен имот или земјиште во странство каде што треба да направите нешто итно, тогаш преминувањето на границата е можно само за таа цел, рече Хојс.

Вчера во Словенија биле потврдени 537 нови инфекции со коронавирус со 2637 тестови, има скоро 300 пациенти во болниците и нивниот број се зголемува секој ден, а над 7.100 случаи се активни.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...