Регион

„Белје“ го презема производството од „Мегле“?

21 Oct 2020

„Мегле“ и групацијата „Фортенова“ постигнаа договор-по заминувањето на „Мегле“ од Хрватска, производствените погони ќе ги преземе „Белје плус“. Се договараат последните финеси, детали од договорот кој наскоро ќе биде заклучен, пренесе хрватски „Пословни дневник“. 

Не е соопштена вредноста на трансакцијата за преземање на „Мегле“. 

Со ова преземање, ќе бидат сочувани поголем број од работните места на работниците во „Мегле“ и ќе продолжи соработката со кооперантите. Производството во млекарницата во Осиек ќе продолжи и по 1 јануари 2021 година. Според информациите, „Белје“ е подготвена да задржи 70 отсто од сегашните 160 вработени и да продолжи да откупува млеко од 282 кооперанти. 

На овој дел од Европа, „Мегле“ ќе го развива производството во БиХ и во Србија, каде веќе има погони. Од Управата во Хрвтаска соопштија дека производството во оваа земја се покажа како неисплатливо за компанијата. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...