Македонија

Светски ден на Вранец на 5 октомври

02 Oct 2020

Второто издание на „Светски ден на Вранец“, ќе се одржи онлајн на 5 октомври и ќе биде достапно за сите. Настанот е во организација на Здружението „Вина од Македонија“, во соработка со производителите на оваа сорта од Македонија и од регионот.

Поради состојбата со Ковид-19, а со оглед на важноста на настанот за македонската и регионалната индустрија за вино, решивме овогодинешното издание да го организираме онлајн во форма на вебинар, кој ќе биде достапен за сите. Целта на овој настан е да се потенцира важноста на локалните сорти, да се поддржат напорите на локалните винарии за зачувување на винскиот идентитет на Македонија и да се зајакне свеста на потрошувачите ширум светот за вината кои доаѓаат од Македонија. Светскиот ден на Вранец, исто така придонесува за зголемување на препознатливоста на Македонија како винска земја на меѓународно ниво, соопштија од „Вина од Македонија“. 

Настанот ќе се одржи преку онлајн стриминг во живо, со интернационални експерти за вино од Велика Британија, САД, Германија, Холандија, Словенија. 

За да ја погледнете агендата и да бидете дел од овогодинешното издание на „Светски ден на Вранец”, регистрирајте се бесплатно на следниот линк: https://www.vranecworldday.com/registration-for-vwd-2020/



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...