Фондот за иновации ќе финансира нови 31 старт-ап и спин-оф компании.
Фондот обезбедува 75% од парите за реализација на проектите а останатите 25% ги самофинансираат компаниите.Проектите ќе се реализираат во период од една година, а Фондот за иновации ги обезбеди парите преку Светска банка.
Со тоа до сега во рамки на овогодинешниот проект „Стартапувај 2“ поддржани се вкупно 84 компании, чии инвестиции вредат над 3 милиони евра. Досега во нив работат над 250 лица со просечна плата од околу 600 евра, а според нивните инвестициски планови за една година би требало да го удвојат бројот на вработени.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.