Македонија

Се работи на нов пакет мерки за фирмите

04 Sep 2020

Владата работи на нов, четврти економски сет мерки со цел да се дефинираат поединечните сектори кои имаат најголема потреба од поддршка од страна на државата, најави министерот за економија, Крешник Бектеши. 

Веќе се реализираат речиси сите мерки од првите три економски пакети. Секако ќе се направат и даночни реформи и директно субвенционирање на компаниите кои биле, се и ќе бидат храбри во текот на 2021 година да инвестираат, а со тоа и да креираат нови работни места, изјави тој.

Бектеши најави дека истовремено, ќе се подобри конкурентноста особено на малите и средните претпријатија за освојување на нови пазари било кој регионалено или европско ниво или пак за да ги задржат постоечките бизнис партнери што ги имаат во странство, што ќе влијае и врз извозот во странство. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...