Македонија

Граѓаните во маркети најмногу ги „трошат“ домашните платежни картички

07 Aug 2020

Граѓаните кои добија домашна платежна картичка најмногу пазареле во маркетите (89 отсто).

Следни се рестораните, па продавниците за облека и обувки, па аптеките.

Министерката за финасии, Нина Ангеловска, соопшти дека околу 305 илјади граѓани користат домашна картичка. Заклучно со 1 август доделени се картички во вредност од 26,7 милиони евра. Корисниците на картичките до тој датум потрошиле околу 23 милиони евра.

Со картичките се реализирани  повеќе од 1,7 милиони транскации.

Граѓаните кои се корисници на ваков тип на картичка, а кои ја немаат подигнато може тоа да го сторат до 15 август.

Домашните платежни картиќки се дел од третиот сет економски мерки за спречување со последиците од кризата предизвиката од ковид-19 врз економијата. Ваква картичка добија граѓанисо ниски примања, ученици и студенти и здравствени работници кои се ангажирани во справување со коронавирусот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...