Македонија

„Витаминка“ ја зголеми добивката и покрај пандемијата

06 авг 2020
„Витаминка“ АД Прилеп за периодот јануари-јуни  2020 година оствари добивка на износ од 9,456 илјади денари и е повисока во однос на истиот период лани кога изнесувала 7,540 илјади денари.
 
Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари-јуни  2020 година изнесуваат 1.190.390  илјади денари и во споредба со остварените во 2019 година за истиот период бележат  пораст од 4 отсто. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98 отсто, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги  од основна дејност,  кои во споредба со остварените во 2019 година бележат пораст од 4 отсто.
 
Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари- јуни 2020 година изнесуваат 1.135.465 илјади денари и во споредба со остварените во 2019 година бележат раст од 4 отсто.  Растот  на вкупните расходи е во корелација со работењето во 2020 година за извештајниот период.
 
Во текот на извештајниот период не е одобрена дивиденда. Добивката од минатата година е рапределена во резервен фонд за инвестиции во материјални вложувања.
 
Вкупните инвестиции во основни средства во 2020 година за извештајниот период  изнесуваат 53.255  илјади денари.
 
Вкупните единечни обврски по кредити на 30.06.2020 година изнесуваат 1.028.390 илјади денари и во споредба со состојбата  на 30.06.2019 година бележат зголемување 26 отсто.
 
Во периодот јануари-јуни 2020 година во „Витаминка” не се реализирани  дополнителни  нови вработувања.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



За 43.000 лица е зголемен бројот на невработени од почетокот на кризата

16 окт 2020

Признание за „Млекара Битола“

16 окт 2020

Бизнисот бара итно да се изгласа ребалансот на Буџетот

16 окт 2020

Паметна специјализација како предуслов за конкурентна економија

16 окт 2020

„Фајнанс тинк“ - Колку Ковид-19 влијае врз сиромаштијата?

16 окт 2020

Американската амсадорка Брнз во посета на „Алкалоид“

16 окт 2020
Вчитува уште новости...