Македонија

Доделена е првата транша од евтините кредити од 50 милиони евра од Развојна банка

31 јул 2020

Доделена е првата транша од евтините кредити од 50 милиони евра од Развојна банка на Македонија пласирани преку комерцијалните банки. Доделени се 25,6 милиони евра на 105 компании по каматна стапка од 1,6%, соопшти министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Оваа кредитна линија беше дел од вториот сет мерки на Владата. Средствата се обезбедени преку Европската инвестициона банка. Државата субвенционира дел од каматната стапка со цел кредитите да може да се понудат преку комерцијалните банки со каматна стапка до 1.6 отсто.

Компаниите на кои им се одобрени евтините кредити се од следниве сектори:
* Производство
* Угостителство
* Транспорт
* Услуги
* Трговија
* Здравство

Заедно со Ковид 1 и Ковид 2 бескаматните кредитни линии на Развојната банка, во стопанството досега се вбризгани над 38 милиони евра за подобрување на ликвидноста во време на КОВИД-19 кризата, а со нив се поддржани 1.436 претпријатија и 16.777 работни места. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Утре е последен рок за пазарување со домашните платежни картички

07 авг 2020

ФИТР: 123 домашни компании во финална фаза на Повикот за брзо прилагодување против Ковид-19

07 авг 2020

Донација од маркетите КАМ за Црвен крст

07 авг 2020

Профитот на „Европа“ зголемен за 64 отсто

07 авг 2020

Винарниците предупредуваат: Винската индустрија е пред целосен колапс

07 авг 2020

СКСЗМ: Економијата да биде приоритет на новата влада

07 авг 2020
Вчитува уште новости...