Македонија

Детали: Што може да се купи со домашната платежна картичка

05 јул 2020

За да се информира јавноста што сè спаѓа под „македонски производи“, Министерството за финансии објави прирачник „Купувам домашно“ со 16 често поставувани прашања.

Документот, како што соопшти Министерството, е изготвен заедно со Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Организацијата за заштита на потрошувачи, Царинска управа и УЈП.

За целите на купување со домашната платежна картичка, производ може да се смета како домашен – македонски производ, доколку се производи и стоки за финална потрошувачка произведени од правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Северна Македонија, освен алкохолни пијалаци, тутун и преработки на тутун, соопштија од Министерството за финансии. 

За целите на искажување на прометот од македонските производи во фискалните сметки, посочуваат од МФ, производот може да се смета како домашен-македонски производ, доколку на неговата декларација, согласно Законот за заштита на потрошувачите, е наведено дека е произведен на територијата на земјава.

Прирачникот можете да го видите тука



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Утре е последен рок за пазарување со домашните платежни картички

07 авг 2020

ФИТР: 123 домашни компании во финална фаза на Повикот за брзо прилагодување против Ковид-19

07 авг 2020

Донација од маркетите КАМ за Црвен крст

07 авг 2020

Профитот на „Европа“ зголемен за 64 отсто

07 авг 2020

Винарниците предупредуваат: Винската индустрија е пред целосен колапс

07 авг 2020

СКСЗМ: Економијата да биде приоритет на новата влада

07 авг 2020
Вчитува уште новости...