Македонија

Се проверуваат 30.000 приговори за домашните платежни картички

01 Jul 2020

Од Министерството за финансии велат дека е одговорено на сите прашања испратени по електронски пат во врска со платежната картичка од 3.000 денари од третиот сет на економските мерки за справување со корона-кризата.

За домашните платежни картички биле испратени 50.000 мејлови, но од нив, како што велат од министерството, близу половината, односно околу 20.000, биле прашања, за некои нејаснотии што ги имаат граѓаните околу картичките, а не конкретни приговори. На овие мејлови е веќе одговорено, велат од министерството.

За другите 30.000 кои се класични приговори, за сите нив, нивните матични броеви се извадени и се дадени на проверка до Фондот за здравство, Министерството за образование и наука, Управата за јавни приходи, како и Агенцијата за вработување.

На сите овие приговори се работи забрзано, и веќе од следната недела се очекува, за сите уважени приговори, да се печатат картичките. Како што се обработуваат приговорите, така и се одговараат, велат од Финансии за „Фактор“

Односно, на сите приговори би требало да се одговори до крајот на неделава, но од Финансии не сакаат да лицитираат со конкретни рокови, со цел потоа да нема реакции доколку не се постигне да се одговори токму во тој период. 

До 18 јули треба да заврши целиот процес околу картичките, односно сите што ги заслужуваат да бидат известени за тоа, картичките да бидат испечатени и да бидат испратени до корисниците. 

Извор: Фактор 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...