Денеска компанијата „Кожувчанка“ донираше медицинска опрема во вредност од 10.000 евра на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија.
Медицинската опрема е наменета за пациентите. Се работи за апарат за вентилација при транспорт на пациенти со погон на кислород, модел Oxylog VE300 Basic Drager Germany. Со апартот се испорачува и боца за кислород, редуцир-вентил за кислород, носач на апаратот и на боцата, пациент-црева и адаптери за напојување. Со апаратот, кој е подвижен и со современа вентилација, ќе се овозможи полесен транспорт на пациентите до клиника или меѓу клиниките, поради различните испитувања на пациентите што се заболени од Ковид-19.
Врз основа на укажувањата на клиниката, овој вид донација е од особена важност за состојбата со Ковид-19, соопштуваат од компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.